(ВИДЕО) Тричковски за „Анице љубов моја“

Музика за облагородување

Се обидувам да ги формулирам своите импресии, а не да пишувам музичка критика: Аница ми е синтеза на елементи од старата градска песна од поширокото подрачје кое го зафаќа музичкото наследство на Македонија, Албанија и Грција, со елементи на пеењето во тајфи што извираат во страничниот поглед на нештата, на моменти, потоа, ми се палат некои линкови со наполитанската или, дури, со сицилијанската музика, за на крајот, како референции на општиот впечаток, ми доаѓаат и асоцијациите на современата балада, на шансоната, и на поп музиката.

Такви се, комплексни, моите импресии од промотивната нумера од новиот албум на Златко Ориѓански и Бени Шаќирина, на кои би ја додал распаметувачката меланхолична текстура што извира и од ритамот и од текстот и од бојата на гласот на Шакири и терцата на Златко. Музика за слушање, за уживање, за тагување и радување, музика за облагородување, повеќе за во куќа или некој планински дом отколку за во смрдливите солитери на посељачените градови, со чај или варено вино и убава девојка што може да се вика и Аница!

Со други зборови: феноменално парче и феноменална најава на целиот проект. Честитки за Ориѓански, за Шакири, за Багашов и за сите кои учествувале во создавањето на ова велелепно дело, така различно од форсираниот пискотилак е простачки произведениот вишок емоции, од имитаторските хармонии и бесмислените и често исклучително глупави текстови во новата музичка продукција во Македонија!

Фејсбук статус на Бранко Тричковски

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести