Како може човек кој е нелегитимен претседател на државата да биде легитимен Врховен Команданат на АРМ??? Човекот кој дозволи АРМ да спадне на ова дереџе, сега да се повикува на своето право(?!) да ја употреби Армијата! А, жално е она што и се случи на АРМ последниве години! Буџет скратен до ниво на вегетирање, минимални средства за обука и опремување! Модернизација….замислена именка?! Војската, составена од глумци и критичари ! Оние кои имаат некоја позиција глумат -„ се е во ред“ а другите се жалат и критикуваат, ама шепотејќи ! Чест на исклучоци, како Јасмина Дуриќ и уште неколкумина кои се доказ дека храброста не се чува само за мисија ! Моралот на војската ?! Еве Ви доказ……..кога заминав во МВР, во Кабинетот на Оливер Спасовски, имав по десетици позиви од колеги-воени лица, со прашањето…„како да се префрлам во МВР“, па сега вие проценете, каков е !
Фејсбук статус на Магдалена Несторовска


