1. Неинформираноста значи лоши одлуки. Игнорирањето на фактите боли. Читајте, истражувајте, гледајте ги сите аспекти на нештата, па потоа донесете одлука.
2. Оние кои се премногу паметни за да се занимаваат со политика им дозволуваат на помалку паметните да одлучуваат за нив.
3. Политиката е премногу важна работа.
4. Критизерството не значи визионерство. Не е доволно само да бидеш против сегашниот концепт на политика, треба да имаш визија за нов, подобар концепт.
5. Кој си игра со оган- ќе се изгори. Ова важи за Камерон, ама и за секој политички лидер кој се обидува преку националистички пораки да собира политички поени.
6. Никој, па дури ни Британија, не може да си дозволи изолационизам. За Македонија, пак, воопшто да не зборуваме.
Фејсбук статус на Драган Алчинов


