Иванов – дел од злосторничкото јадро

Со своите изјави во последните настапи пред јавноста, претседателот на државата Ѓорге Ивонов дефинитивно станува најголемата закана за стаблноста на Македонија, декларирајќи се како непоколеблив закрилник на криминалот и погубната анархија во владеењето на режимскиот тим. Каде се сега оние силни интелектуалци, сероњи,(простете за вулгарноста) ако не друго, барем да му се извинат на македонскиот граѓанин за несреќата што му ја приредија, кои гиставија на хартија своите авторитетни потписи, како гаранти за божемните високи интелектуални, морални и етички вредности на оваа забегана претседателска фигура, која без двоумење, во мигов може да се смета дека е најголемиот надворешен и внатрешен непријател на државата. Без елементарно чувство за одговорноста што ја има како глава на државата, без здрав резон за степенот на кризноста во која е навлезена Македонија, како и со отвореното срамно пактирање со центрите кои ја генерираат македонската трагичност и неизвесност, Иванов дефинитивно се осведочи дека е дел од злосторничкото јадро, со кое во спрега на овој народ и на оваа држава и исцртуваат катаклизмична иднина.

Фејсбук статус на Бошко Нацевски

Најнови вести

Најново од Ракурс