(ВИДЕО)Марко Бошњак победник на „Ѕвездичките на Пинк“, нашата Мартија на второ место

Чудото од дете, момчето кое безброј пати со својот глас разбуди најубав емоции кај публиката во регионот Марко Бошњак од Прозор- Рама  , Босна и Херцеговина е победникот на втората сезона на музчкиот натпревар „Ѕвездичките на Пинк“.

Второто место го доби македонската миленичка Мартија Станојковиќ која на третиот настап вечерта   се претстави со песната „The heart wants what it wants“ од Селена Гомез, а на третото се наје Тома Миловановиќ.

Десетте феноменални пејачи се бореа во синоќешното финале за прво место: Ирнес Дивјан, Жарко Прибаковиќ, Ева Маниќ, Урош Станковиќ, Индира Бериша, Тома Милованиќ, Дарија Врачевиќ, Марко Бошњак и македонските претставники Мартија Станојковиќ и Антонија Гиговска.

Марко синоќа ја воодушеви публиката со изведбите на жирито и публиката, а очигледно и на гледачите кои гласале. Тој од самиот почеток беше фаворит, а по изведбата на песната „Што те нема“ немал сомнежи за неговата победа.

Најнови вести

Најново од Видеа, Топ Вести

Најчитани вести