На многумина „Роки“ им е сеуште еден од најдрагите „снагаторски филмови“ со моќна
порака, а неговата ѕвезда денес слави округло 70. години.
Силвестер Сталоне својот роденден ќе го прослави во Ница, каде стасал утрово, во придружба на своите преубави ќерки.

Добро е позната приказната за настанувањето на „Роки“:Сталоне наводно, сценариото го
напишал во налет на инспирација за три дена и три ноќи, но потоа поминало доста време
пред да се најде студио кое сакало да го финансира филмот со него во главната улога.
За среќа, не се откажал бидејќи токму таа улога го прослави, а „Роки“ освоил три
Оскари.
Сталоне, сепак, никогаш не добил Оскар за својата глума, иако минатата година голем
број фанови навиваа за него. Тогаш беше номиниран за најдобра машка споредна улога во„Creed“.


