Музичкиот спот за песната „Силикони“ за Северина, конечно ја здогледа светлината на денот. 43-годишната пејачка Северина, српската раперка Сајси МС и легендарната актерка Сека Саблиќ во спотот работат во „погонот“ на совршените жени.
Девојките поминуваат низ ригорозни тестови и трансформација, а Северина глуми строга управничка која го надгледува целиот процес.
Нејголем метеж предизвика облеката на Северина во спотот. Во дел на спотот, пејачката е облечена во црн латекс фустан со голем изрез околу градите.
„Силиконите се метафора за сè она што жените го прават за да бидат совршени. Пејте ја оваа песна и ако немате силикони. Ќе ви се подобри денот и во вас ќе создаде чувство дека сте совршени. Деца, не се обидувајте ова да го правите дома…“, напишала Северина на социјалните мрежи покрај новиот спот.


