Повикал сирачиња во ресторан – кога ја добил сметката останал без зборови

 

Индиецот Акилеш Кумар седел покрај прозорецот на хотелот „Сабрин“ во градот Малапурам и ручал, а додека го јадел своето скапо јадење, здогледал сиромашно изгладнето дете како стои на улица.

Тој го повикал детето да дојде во ресторанот. По пет минути, детето влегло заедно со својата сестра која ја држел за рака.

Кумар ги прашал што би сакале да јадат, а тие срамежливо покажале во неговата чинија и рекле дека би сакале истото што и тој. Кога завршиле со јадењето, Кумар повикал келнер за да му ја донесе сметката да плати.

Но кога келнерот ја донел сметката Кумар останал без текст, гледајќи што пишува на истата.

Тука стоела една голема нула, а под неа пишувало „Не постои каса која би можела да ја наплати оваа хуманост. Ви посакуваме сè најдобро“.

Многу трогателен гест кој покажува дека постојат хумани луѓе на овој свет.

humanist

Најчитани вести