(ВИДЕО) Небески акробат скокна од 7.600 метри без падобран

42-годишниот Лук Ejкинс скокна од авион на висина од 7,6 км без падобран и безбедно слета врз поставената мрежа, развивајќи брзина од 200 км на час. На тој начин Ејкинс стана прв човек кој извел скок без падобран и успешно слетал.

Пред подвигот му било кажано дека мора да носи падобран, дури и ако не планира да го отвори, но неколку минути пред самиот скок ограничувањето било тргнато и тој се ослободил од него. За овој скок се подготвувал 2 години, а горе во височините го придружувале уште тројца падобранци. Настанот во живо го следела неговата сопруга и нивниот 4-годишен син.

Најчитани вести