Амбер Херд, која во моментот се разведува од Џони Деп, објави видео кое скришно го снимала во нивната куќа на почетокот на годината.
На видеото, Џони пцуе, се тетерави и ги клоца работите низ куќата, додека таа му се извинува за нешто што порано се случило (не прецизира што).
Џони, бесен како рис, си полни огромна чаша со вино, а кога Амбер го прашува дали тоа утро го испил остатокот од шишето, почнува да дивее, да крши чаши и ѝ го одзема телефонот. Всушност, видеото на крајот покажува дека Џони најверојатно забележал дека Амбер го снима.


