(ВИДЕО) Владиката Петар приведен во Мелбурн?!

Надлежниот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, Владиката Петар утрово бил приведен и однесен во полицијата во Мелбурн на информативен разговор, објави интернет порталот „Фаланга“ од Австралија.

Двајца детективни од оделот за криминологија на полицијата во Викторија го посетиле домот каде престојува владиката, а по краток разговор го повикале во полициска станица, објави порталот.

„Фаланга“ објави и видео снимка на која, како што тврди, се гледа како владиката Петар во придружба на детективите се качува во службено возило.

Засега нема информации кои се причини поради кои е приведен Владиката Петар, а нема ниту коментар од МПЦ.

Најчитани вести