Анџелина Џоли се појави на мировната конференција на Обединетите нации во Лондон и со својот грациозен став буквално сите ги остави без текст.
Едноставниот црн фустан и малото количество на шминка беа сосема доволни за убавата актерка повторно да заблеска!

Проѕирните делови на деколтето и ракавите изгледале исклучително софистицирано и секси, а убавата Анџелина стајлингот го надополнила со елегантни “nude” високи потпетици и елегантна фризура.

Со изборот на облека таа дефинитивно успеала да ја прикрие преслабата фигура, но претенките листови сепак на сите им паднаа во очи.

Но, што се однесува до нејзината убавина, тука дефинитивно ништо не се менува! На ваква заносна убавица шминка секако не и е потребна за да го потенцира она најубавото на лицето.
Извор:karmin.tocka.com.mk


