Облечена во тесен чипкаст црн фустан кој ја нагласува нејзината женствена силуета, италијанската актерка Моника Белучи блесна на црвениот тепих во Венеција, ден пред премиерата на филмот на Емир Кустурица „На млечниот пат“.
„Со текот на годините, се чини дека може да ја достигнете вистинската убавина“ – изјави 52-годишната убавица, додавајќи – „убавина која не се однесува само на телото туку и на душата. Може да бидеме убави на било која возраст.“
Од вратот на дивата блескаше скапоцен ѓердан вреден 5 милиони евра, засега најскап ѓердан кој се појавил на црвениот тепих во Лидо. Оттука и не е за чудење што актерката беше придружувана од двајца бодигарди.
Извор:makmoda.com







