Иванка Трамп прекинала интервју поради незгодни прашања

Ќерката на републиканскиот претседателски кандидат во САД, Иванка Трамп, го прекинала интервјуто за магазинот „Космополитен“, по прашањето за поранешните коментари на нејзиниот татко, Доналд Трамп, во врска со породилното отсуство и грижата за децата.
Младата Трамп сакала да ја истакне новата политика на својот татко за детската заштита, во чија изработка и претставување учествувала и самата.

Иванка не сакала да го кометира прашањето и и порачала на новинарката дека не знае оти нејзиниот татко дал таква изјава.
Како што наведува Космополитен, по инсистирање на новинарката на уште неколку прашања, како што е како Доналд Трамп мисли да ги плати некои од своите најскапи идеи, како на пример изградбата на ѕид на границата со Мексико, Иванка го прекинала интервјуто, со извинување дека мора да си оди, бидејќи и се брза.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести