Интервју со Џорџио Капуто: Јас сум човек на кој брзо му се здосадуваат работите, секогаш наоѓам различни мотивации

Џорџио Капуто е еден од актерите на новата играна серија „Медичи – мајстори на Фиренца “ во продукција на LUX Vide која почнува да се емитува во октомври на РАИ 1, италијанската национална телевизија.

Серијата ќе ја раскаже приказната на семејството Медичи во Фиренца, еден од најпознатите семејства во Европа помеѓу XV и XVIII век.

 

22

Џорџио, оваа серија е очигледно наменета  за меѓународниот пазар: создадена од страна на Nicholas Mayer и Frank Spotniz, во режија на Sergio Mimica Gezzan, во која  глуми Дастин Хофман и Ричард Мејден, па кажете ни како беше за да работите за време на снимањето со овие меѓународни ѕвезди?

 

Па, кога бев во училиштето за глума ние гледавме и анализиравме сцени на Дастин Хофман, од „Смртта на еден продавач“, во тоа време кога размислував дека можеби еден ден ќе глумам веднаш до него, сето тоа се чинеше само сон, сега можам да кажам дека тој сон се реализираше . Ричард, со кого ги снимав поголемиот дел од мојот сцени, е голем професионалец, многу млад, но многу искусен. Тој направи се да биде многу лесно, секогаш беше задоволство да се биде на сетот со него. Со Серџио, поминавме  многу добро заедно, тој точно знае што сака и знае како да го направи тоа.

23

Тоа не ви беше прв пат да глумите во меѓународен проект во близина на големите ѕвезди, какво беше искуството од  „Последниот витешки ред“ во 2015 година?

 

Тоа беше одлично искуство. Работа со Морган Фримен е уште еден сон кој се реализираше во мојата кариера. Тој е толку харизматичен. Гледајќи го само како работи е неверојатно. Но, вистинското откритие за мене беше Клајв Овен, тој освен што е  еден од моите омилени актери, т е и навистина многу добра личност  и станавме големи пријатели, ние поминавме три месеци во Прага за време на снимањето и имав можност да го запознаам малку, па сега ми се допаѓа како личност и повеќе од порано.

 

25

Вие станавте популарен благодарение на телевизиската серија Romanzo Criminale, која ја раскажува приказната на една криминална банда во Рим во 70-тите. Серијата имаше голем успех и беше продадена во повеќе од 45 земји од целиот свет, дали  очекувавте толку голем успех додека ја снимавте серијата ?

 

Па, беше посветено многу внимание околу проектот од страна на тимот, серијата е базирана на роман кој имаше голем успех и ги имаше сите предуслови за да биде успешна. Од друга страна никој од нас, претпоставувам, немавме идеја за тоа колку популарна серијата може да стане. Така, на крајот, сите бевме пријатно изненадени, претпоставувам. Потоа, во Рим стана вистински култ, некои фрази станаа секојдневни изрази во секојдневниот живот на Римјаните, а сепак и после 6 години  се уште ми се обраќаат на улиците со името на мојот лик, Рикота (се насмевнува).

 

Кога зборуваме за римската култура, не можеме  да не го споменеме вашиот бенд L’Orchestraccia, кој само што го објави својот втор албум во април оваа година, можете да ни кажете како започна овој проект?


Да. Всушност работа на бендот започна како шега пред скоро 4 години. Бевме еден куп актери, пејачи и музичари, игравме фудбал во тимот на славни личности, тоа беа хуманитарни натпревари, а собраните средства се донираа во добротворни цели. Често по натпреварот организиравме импровизирано шоу за публиката, таму беа музичари кои свиреа на своите инструменти, актери и пејачи кои пееја и рецитира поезија или правеа скечови. Материјалот беше  земен од нашиот заеднички именител, Римскиот фолклор. Шоуто имаше неочекуван успех, а ние почнавме да го организираме дури и надвор од добротворните настани. За помалку од една година ние станавме прилично популарни во Рим и во централниот дел на Италија. Потоа решивме  да издадеме албум (Sona Orchestraccia Sona), која е збир на стари римски песни кои што ние сме ги изведувале во нашите настапи, плус неколку оригинални песни кои ние ги напишавме во меѓувреме. Албумот беше распродаден прилично добро како за еден бенд без етикета, а во последните месеци бендот имаше турнеја низ целата земја. Во април 2016 година го објавивме нашиот втор албум (Canzonacce), што е чекор напред, песните се сите оригинални и  се обидовме да ја споиме римската традиција со новите тенденции на интернационалната музика. Албумите ги има и на каналот на Orchestraccia  на апликацијата Spotify.

26

На врвот на сето тоа, меѓународен актер, пејач, автор на текст, знам дека, исто така пишувате и режирате, како да се справувате со сите овие активности во вашата кариера?

 

Јас сум човек на кој му се здосадуваат работите многу лесно, па  секогаш наоѓам различни мотивации. Всушност, пишувањето е она со кое се започна, дури и ако тоа е активноста каде имам помалку успех. Но, да, тоа е причината зошто јас почнав да глумам. Еден ден, еден мој пријател, кој сега работи сосема различна работа, ми пријде и ми рече “Знаеш оние приказни што ги напиша и ме натера да се прочитам? Сакам да ги режирам  и ти ќе бидеш мојот актер! “. По овој разговор ние снимивме два кратки филма од моите приказни и јас станав актер. Режијата пак ми дојде прилично природно, ја размислував оваа идеја и за кратко ја реализирав. Краткиот филм „Акција“ ми беше големо задоволство,кој  освои неколку награди на фестивали, меѓу кои и за најдобар режисер на BISFF 2008 година и Сребрена лента за најдобар главен актер, која, дури иако беше за мојот актер, ме направи многу горд. Потоа  режирав неколку реклами за на интернет и телевизија. Се надевам дека наскоро ќе се вратам режијата…бидете така…

Маријана Миловановиќ

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести