Легендарниот НБА кошаркар, Ервин Меџик Џонсон, во средата со сопругата Кики гостувале во емисијата „Добро утро Америка“ каде во искрено интервју откриле како е да се живее со ХИВ-позитивна дијагноза на кошаркарот и како го проживеле признанието на нивниот син дека е геј.
Повод за интервјуто биле мемоарите што ги издала неговата сопруга Кики во кои исто така открива детали од нивниот 25-годишен брак.
Иако интервјуто се базирало на разговорот за последиците од неговото признание дека е ХИВ позитивен пред 20 години, двојката открила и за тоа како се справувала со фактот дека синот Еј Џеј им признал дека е хомосексуалец, пишува „Хафингтон пост“.
Имено, водителката Робин Робертс истакнала дека Меџик никако не можел да ја прифати сексуалноста на синот Еј Џи, но подоцна раскажал.
– Ми требаше време да сфатам дека е тој таков каков што е и дека единствено така ќе биде среќен. Знаев дека му е многу важно да го прифатам тој факт, морав многу да се потрудам и да се ослободам од тој мачо-менталитет – рекол Џонсон.
Куки додала дека таа се борела со своите верски ставови.
– Знаеме дека верата тоа ни го забранува и тоа ми беше голем проблем. На крајот во молитва го замолив Бог да ми открие како Тој се чувствува околу тоа, а тој ми порача: „Љубов. Сакај го своето дете“. И тоа е така, Исус нè учи само за љубов – рекла Куки.


