(ВИДЕО) На Фејсбук можете да водите тајни разговори

Facebook им ја претстави на своите корисници новата апликација. Испраќачите и примателите на пораки во Messenger сега може да ја сочуваат во тајност конверзацијата.

Покрај тоа, може автоматски да ги избришете пораките. На пример, ако сакате вашата порака да биде избришана по 5 секунди од читањето, таа ќе исчезне засекогаш. Концептуално оваа опција функционира слично како апликацијата Snapchat, но вашите пораки не се бришат во рок од 24 часа, туку во зависност од времето ќе го подесите.

Пред неколку месеци WhatsApp, со користење на енкрипцијата од крај-до-крај, на корисниците им обезбеди приватност на нивните разговори, а сега тоа го прави Messenger.

– Сакавме да создадеме приватни и безбедни разговори. Пораките се наменети само на луѓето со кои се зборува и на никој друг, па ниту на нас – рекоа од врвот на Facebook.

Активирање на тајни разговори

Кога ќе почнете нов разговор на Messenger во горниот десен агол кликнете на симболот пишување. На следниот прозорец треба да се појави опцијата “тајно”. Потоа одберете ги примачите на пораката и започнете разговор. Ако не можете да ја најдете оваа опција, веројатно е потребно да се инсталира нова верзија на Messenger или причекајте ажурирање на апликацијата.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести