Скопјани имаа можноста за прв пат да присуствуваат на тридневниот ЈОГА и ПИЛАТЕС курс организиран на Универзитетот ФОН и новоотворениот хотел ПАРК во Скопје.

Згодната турчинка Гизем Черчиоглу важи за една од најдобрите пилатес и јога инструктори на Балканот каде своето знаење и техника ги претставува во многу земји на Балканот.

Воедно нејзиниот настап беше и најава за новата академија за ПИЛАТЕС и ЈОГА која ќе биде базирана на Универзитетот ФОН.



