Ненад Јовановиќ: Гинтер Грас и „македонските патриоти“

Читам минати „признанија“ на Гинтер Грас во кои објаснува како завршните месеци на Втората светска војна ги поминал во униформата на Вафен СС војници. Каква е врската на Грас и „македонските патриоти“ и’ каква врска има тоа со нашите политички кујни и трапезарии

Читам минати „признанија“ на Гинтер Грас во кои објаснува како завршните месеци на Втората светска војна ги поминал во униформата на Вафен СС војници. Каква е врската на Грас и „македонските патриоти“ и’ каква врска има тоа со нашите политички кујни и трапезарии? Се разбира, за џабе е пуштање на суптилна музика за тврди уши, но сепак, барем за мене, приказната е поучна, без разлика што некој би можел да каже дека „оној“ Грас конечно, на својата мајка и’ признава дека бил злобен и одвратен есесовец – ништо подобро од него не се надевавме.

Внимавајте, како Гинтер Грас признава во своите биографски сведоштва, тој современ германски класик, разни гротескни џуџиња бесно урлаат и маваат со дрва и камења во негов правец, онака саморасплакани и саморазмрсулавени, истегнувајќи се, кривејќи го вратот и суратот само како би му ја виделе главата и оној мрсен брк таму некаде во облаците на глобално-книжевниот Олимп, ама се’ што успеваат да видат е неговата лакована чевличка.

Релевантна критика на Гинтер Грасовиот посмртен coming out, имено, барем во Македонија и натаму нема, а не дека за тоа и’ овде не би имало што да се каже; и не дека контекстите во овој случај не се во извесна смисла поврзани со нашата нова историја (ако веќе во се’ имаме потреба да бараме нешто „наше“, како целиот свет и живот да се врти околу ова распаднато парче земја кое се вика балкански потконтинент).

Да се вратиме на оној бесен, лудачки талас на разочарани, а во секој случај на Грасовата „исповест“ што ја најави во својата автобиографија, писателот Џон Берджер луцидно приметува како „модерните моралисти живеат во искуствен вакум“ и дека Грасовата идеја на честа напросто ги надминува, дека не ја разбираат. Ова, итекако, се однесува на оние кои живеат во уредените општества од Западниот свет, во земји во кои не се војувало барем од крајот на Втората светска војна – а во многу други меѓу нив уште многу порано, во земји кои, всушност, не’ познаваат иституции кои се „дренажирани“ како општа воена формација. Се разбира, среќа е и привилегија да се страда од ваквата врста на „минус искуство“: камо среќа да можат овдешните автори со тоа да се перчат. Хендикеп пак е, што многу луѓе не можат да ја рипнат сопствената сенка, да излезат подалеку од две-три наакани „политички коректни“ флоскули, барем да вклучат напор на проникнување за тоа како би можело да изгледа растење на еден млад Германец во Хитлеровата Германија. Некои брилијантни страници за тоа одгледување и лутање на хипертрофираниот милитаристички дух – тоа уште повеќе се зголеми во текот на Првата светска војна – а подоцна тоа уште повеќе драстично се зголеми, попримајќи карактеристично нацистички болен контекст – уште 30-тите ги напиша Себастијан Хафнер, објавен во мемоарите на Историја на еден германец, клучно четиво за сите оние кои се заинтересирани за механизмот на зацврстување на Злото во едно општество.

Не е воопшто тешко да се замисли еден петнаесетгодишен дечко, каков што беше Гинтер Грас во 1942., како доброволно се пријавува за служба во подморница. Се разбира, го одбиваат, ама две години подоцна некој го вади неговото досие и го мобилизираат во Вафен СС трупи, во моментот кога на Хитлер му е потребен секој човек, нели, обидувајќи се да ги придобие само како би се обидел да ја поттикне воената „среќа“.

Што, всушност, Гинтер Грас погреши сите овие години? Не е тоа дека како незрел клинец бил – како сите во неговата околина – одушевен поддржувач на германскиот Фирер, гледајќи во тоа нормален патриотизам, па уште во воени услови; не е ни тоа дека до пред крајот учествуваше во војната. Она, што практично го премолче беше онаа фамозна СС значка, што во симболична смисла значи дека таквите симболи се бескрајно јаки и бескрјно страшни. Зошто и како до тоа дојде, зошто на Гинтер Грас му требаше така долго да го плукне од уста – всушност тоа Грас го објаснува во својата автобиографија, а на секој еден е на него со таквото објаснување дали ќе се задоволи.

Што е суштината на оваа приказна, што е суштината на приказната за Грас, за Германиците, за „нас“? Практично целиот свој послевоен ангажман, книжевен, граѓански, Гинтер Грас го посвети на испитување на нацистичкото зло и борба против неговото повампирување. И во едното и во другото беше беспоштеден према сите – се’ до самиот себе. Затоа на многу, премногу Германци од онаа спектакуларна „златна средина“ перманентно им одеше на нерви: до кога бре тој Грас ќе труби за нашето минато и за нашите злосторство? Од друга страна, тој суверено не ја заземаше позицијата на некој безгрешник, некој човек кој е Ангел без грев, па прв се нафрлува со камен према светот: и без таквото „СС“ признание, Грас и’ за себе пишува како дел од онаа заблудена германска маса, што слепо, кој „свесно“, кој „несвесно“, го следеше Злото, меѓутоа масовно негирајќи ја неговата демонска природа: американските и британските окупаторски управувачи морале да ги спроведуваат граѓаните на германските градови низ конц-логори, само како овие би се убедиле што во нив се случувало додека мирно си спиеја во својот патриотски сон, или воодушевено му урлале на Фирерот, и дека се’ тоа не е „сојузничка пропаганда“.

Во оваа наша Македонија има се’ освен „искуствен вакум“, нарочито во изминативе десет години во канибалско-етничките свињарии. Точниот одговор гласи: сите оние кои, напротив страдаат од „вишок на искуствен вакум“, сите оние кои учествуваат во будењето или соучесништвото на Груевизмот и кои од тоа не извлекоа никаква поука – освен онаа нашата дека секое Зло може да се исплати, со што груевистите се најдобриот доказ, бидејќи, нели, ништо не им фали. Напротив, многу од нив овде таквите ги ценат како морални и интелектуални грамади и личности.

Имено, знаете ли некој овдешен интелектуалец кој се грози од својот воен и пљачкашки „ангажман“? Било во ова или она време? Таков курвин син се’ уште не се родил – можеби дури ни буквално. Повторно ќе мора нашите деца и внуци да се срамат за она што не го направиле. Слично, буквално практично, беше и со Германците. Ама тие – меѓу останатите – сето ова време го имаа Гинтер Грас, човек кој нацистичкото зло го гледаше на еден длабок, во еден фундаментално битен начин од натре, инсајдерски, и беше доволно голем и чесен да каже што точно видел, како тоа се вика, колку е опасно и колку смрди.

Пишува: Ненад Јовановиќ,
граѓански активист

 

 

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести