Актерката Мерјем Узерли, позната по улогата на Хурем во серијата „Сулејман Величенствениот“, повторно се најде во љубовен бродолом. Неа ја оставил милионерот Алп Озџан, сопственик на компанија за изнајмување луксузни јахти. Мерјем го запзнала Алп минатат година на забава во Истанбул и набгргу започнале со врската, при што тој ја прифатил и нејзината ќерка Лара. Поради актерката дури и се преселил од Турција во Берлин, каде што живееле заедно во раскошна вила.
Турските медиуми сега пишуваат дека Мерјем ставила точка на оваа врска по девет месеци забавување, иако неодамна пишуваа дека двојката на големо планира венчавка. За тоа сведочи и фактот дека Мерјем ги избришала сите нивни заеднички фотографии од социјалните мрежи.
Актерката ја остави и поранешниот вереник Кан Атеш, веднаш откако таа остана бремена, кој избега од Турција со 20 милиони евра.


