Златно розовиот фустан на Мишел има своја порака

Во текот на минатата недела, Мишел Обама и нејзиниот сопруг Барак беа домаќини на последна државната вечера во Белата куќа, пред завршувањето на вториот претседателски мандат на Обама. Мишел ги пречека италијанскиот премиер Матео Ренци и неговата сопруга Агнеза Ландини во вечерен фустан произлезен од Ателјето Версаче. Фустанот, како и вкупниот изглед на првата дама беа пофалени, како и многупати досега и од најстрогите модни критичари. Но, и „Индипендент“ и „Њујорк Тајмс“ забележуваат неколку поенти од изборот токму на тој фустан. Според „Њујорк Тајмс“, екстравагантниот фустан на Мишел бил централен настан на вечерата. Затоа фустанот, и една недела подоцна е тема за анализа. Таа “испрати силна порака”.

Прво, изборот на дизајнер е дипломатски, како и многупати досега на нејзините државни приеми- поздрав до една од првите модни куќи од Италија. Второ, фустанот е дизајниран од страна на самата Донатела Версаче. Таа е моќна жена во сопствената професија, која, кога сите се сомневаа во нејзините способности, ја презеде компанијата на нејзиниот брат, откако тој беше убиен во Мајами и постигна голем успех. Трето, забележителен е тајмингот. Ова е прв пат Мишел Обама да се појави во Версаче.

Според портпаролот на компанијата, вечерната тоалета е дизајнирана специјално за Мишел. Минатиот месец, модната куќа Версаче прикажа нова женска колекција, која ја опиша како “Се за слободата на жената: слобода на движење, слобода на дејствување, слобода да се бори за своите идеи, слобода да се биде со кого сакате и кога сакате”. Вака некако и звучеа пораките на Мишел минатат недела на предизборните собири во Њу Хемпшир. Првата дама на САД, во емоционално и лично обраќање, остро го осуди срамниот сексизам на Трамп и проговори за правата на жените.

Конечно, структурата и материјалот на фустанот како да ја повторуваат оваа порака.
Златната роза на златен синџир имплицира сила, заштита, моќ и способност, како и убавина и стил.
По сите осврти во медиумите, се јави и самата Донатела која и испрати порака на госпоѓа Обама:

„Јас сум почестена што имам можност да ја облекувам првата дама на САД, Мишел Обама. Ви благодарам Мишел за сè што направивте за Америка и за остатокот од светот, за жените во САД и во остатокот од светот“.
Нема сомнение дека Мишел Обама, ќе остане запаметенаа како една од најомилените први дами во историјата и дека нејзината сила, самоувереност и истрајност ќе и недостигаат на Америка.

Плусинфо

Најчитани вести