Во ваква инцестуозна митологија нема право ниту вистинско место и улога – за Другиот и Различниот
Неготино е еден од оние типични постапокалиптични градови кои се обидува да ги преживее последиците од груевистичката епоха во која еден умоболен масовен убиец и’ го враќаше „достоинството на Македонија“: сите локални „социјалистички гиганти“ пропаднаа неславно, замена за нив не е пронајдена, а градот жабурка во сиромаштија и социјална безнадежност, град кој е оптеретен со симптоми од сите оние „општомакедонски“ лудила кои – се додека се мнозински – успешно ќе го спречуваат враќањето на отпловената земја Македонија од својата матична планета.
Е, кога во еден таков град ќе ви се падне да тепате активизам, наоѓате две состојби или два типа на луѓе: од масовна омраза до комплетна рамнодушност. Е, кога во таков град пак, ќе ви падне на памет да ја зачините својата вечер со малку вино, сирење и месо, на располагање за исполнување на вашите задоцнети желби ви стои само еден драгстор. На зачуденост зошто е тоа така, моите пријатели кои се родум од Неготино, разумно возвраќаат дека тоа е така затоа што луѓето напросто немаат пари. Океј, одиме во драгсторот, купувам животни намирници, и додека сум на каса, Т. ми соопштува дека никогаш повеќе нема да влезе во таа продавница. На мојот збунет поглед, ми покажува портретна фотографија, голема, практично малку скратена позади полуотворениот параван, преку која не’ гледа Сашо Мијалков, намрштен и опасен…
Нејзината реакција е сосема разбирлива, па сепак – ако би биле доследни во боикотирање на се’ во Македонија што носи „драг“ и „шармантен“ знак на пуковникот на македонската УДБА (и „генералот“ на една злосторничка дружина), или пак неговиот брат Никола Груевски, наскоро ќе бидеме присилени да се затвориме во куќа. Оти Сашо & Никола се прилично сеприсутни „контракултурни јунаци“, или чегевари на една супкултура на геноцид, каква е возможна – па уште јавна и горделива! – само во оние подрачја на светот каде поимите на добро и зло се признаваат единствено како трибалистички контекст: „добро“ е кога ние нив ќе им ја заколеме стоката и силуваме жените, а „зло“ е кога тоа тие ќе ни го направат нам…
Всушност, се до неодамна, во една пекара, пристојна бурекџилница во Скопје беше „обогатена“ – додуша – со дискретен портрет на Никола Груевски, ама вистинската перверзија всушност беше контекстот во кој ликот, нашиот „најголем македонски син“ се наоѓа во една босанска бурекџилница која се вика Сараево, бурекот и питата се прави босански, сосема поинакви од оние кои се прават во „мајчица Македонија“. Дуќанчето е опремено со оние ниски столчиња како што можат да се сретнат во старо босанска/бошњачка чаршија, а во позадина се портрети од славната генерација на играчи на ФК Железничар и други носталгични попкултурни дрангулии од предвоеното мултикултурно Сараево. Кога на се’ ова ќе го додадете морбидниот Никола Груевски, тогаш гледате дека се работи за класично мултидисциплинарно проучување кое е достојно за социопатски испад: насилен, морбиден спој на Убиениот и Убиецот, во кој на крајот нема да се знае кој е кој, и сите – виновници, жртви и минувачи – ќе бидат до болка и’ до непрепознатливост вмешани во компактната крвава боранија.
За разлика од „иконолошки чистиот“ драгсторот во Неготино, во скопската бурекџилница беше на дело мутантен, вредносно-дезориентиран еклектизам кој во својот обид за „порамнување со историјата“ се обидува да го спои неспоивото, само како би се обидел да го спои „етичкиот гап“ во кој западна една заедница која одлучно одбива да се соочи со својот сопствен лик во огледало, само затоа што она што би го видела – а таа, имено, „подсвесно“ знае што ќе види! – многу рефлектира од својата митско-нарцисоидна претстава за себе. Па наместо тоа, мирно и спокојно „пегла“ бурек, од еден sид ја гледа Никола Груевски а од друг Асим Ферхатовиќ Хасе, на увце му пее Кемал Монтено, а нејзе се’ тоа и е сосема во ред, и баш ништо не и го расипува варењето, залиено со киселно млеко како да се наоѓа насреде Башчаршија.
Сеќавањето ме враќа на автобуската станица во Неготино на пат за Скопје: во автобусот влегува момче, недвосмислено дека е ромска националност, облечен со маица која напред е исцртан Сашо М. а позади Никола Г., додека најгоре, некаде близу вратот на кирилица пишува „Македонија на Македонците“. Хм, можеби Македонија е на Македонците, ама кој го чува ова Ромче во таква Македонија на Македонците? И што му значи таквата маица, што тоа момче му порачува на гледачот? А можеби прашањето би требало малку да го преформулираме: Македонија на Македонците, а маицата го чува извесното Ромче од извесните Македонци… Припаѓајќи на малцинска заедница на „аутсајдери“, расно обележани, оние кои „на чело не им пишува дека се Македонци“, овој Ром се обидува да им покаже и докаже на Македонците дека е еден од нив, а ако пак таков не го прифаќаат – тогаш барем до крај ќе биде солидарен со нив прифаќајќи ја најноторната персонификација од нивната стигма, делејќи го со нив „целиот одиум на светот“. Оти што се „Сашо и Никола“ (или било кој друг сличен пар) ако не симболи од патолошка „уникатност“ на еден инаетџиски самодоволен етнос.
Во ваква инцестуозна митологија нема право ниту вистинско место и улога – за Другиот и Различниот. А кога некој така впечатливо Различен како оној Ром што ја облече онаа маица, создава директен и неовластен упад во системот на „туѓото“ лудило кое може да биде единствено продукт на страв и очај, то ест на некој „Прастрав“ и тежнеење да се припадне кон Злосторничкото мнозинство по секоја цена, па дури и преку партиципативно вклучување во нејзината брука и срамота. Оти потиснатата и депривилегирана малцинска група веројатна сака во Центар, таа тежнее кон „мејнстримот“, кон главниот ток: и не е проблемот во малцинството, туку во мнозинството. Никогаш не е проблемот во малцинството.
Пишува: Ненад Јовановиќ,
граѓански активист


