Многу студенти од Кина ги нудат своите разголени фотографии на потенцијални кредитори на веб кредитните платформи, ризикувајќи да ги видат сите, па дури и нивните родители.
Овој ризичен метод за позајмување пари може да се најде на неколку онлајн кредитни платформа, но најчесто е прифатен во рамките на QQ групните четови поврзани со овие платформи. Пред да се позајмат пари на студентите, треба да испратат фотографии на кои се голи, со приложена лична карта, а за повеќе пари треба да се постави и видео, како и лични податоци, адреса и мобилен телефонски број.
Откако кредиторот добива разголена слика на личноста која ја држи нејзината лична карта, тој или таа може да добие кредит од 15.000 јуани (2000 евра) со отплата на кредитот максимално за 36 месеци.

Износот на кредитот зависи од образованието на должникот. Студентите обично можат да добијат 15.000 јуани кредит, а оние кои студираат на познати универзитети или се на постдипломски можат да добијат поголеми кредити.
Фотографии и видеа од студентот должник, доверителот со заканувачка порака ги испраќа на неговите членови на семејството, ако не може да ги отплати позајмените пари, а тие пораки во последно време се повеќе стануваат вирални.
Во Кина, ова стана вистински проблем, бидејќи фотографии на голи студенти почнаа да се појавуваат на различни каматарски платформи и форуми.


