Две лица загинаа, две девојчиња се тешко повредени, во судар на автомобил и автобус

Голема трагедија на патот Струмица – Штип во близина на селото Дамјан.Сообраќајната незгода се случила помегу патничко моторно возило со скопски регстарски таблици и автобус на приватната струмичка компанија „Струмица експрес“, објави Канал 5.

Две лица, кои биле автомобилот, загинаа, а 9 лица кои биле во автобусот се повредени и веднаш се префрлени низ болниците во Радовиш и Струмица, а две девојчиња кај кои лекарите утврдиле посериозни повреди веднаш биле пренесени во штипската болница.

На останатите патници во автобусот им била укажана лекарска помош. Од штипската болница информираат дека девојчињата кои се донесени на клиника по укажаната помош се во добра општа здравствена состојба.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести