-Не можам да се концентрирам… преубава си… ептен секси – вака реагирал актерот Вин Дизел додека го интервјуирала бразилската новинарка и позната јутјуберка Керол Мореире.
Снимката со малку бизарното интервју за кратко се рашири по интернет со бројни осуди на сметка на актерот кој упорно ја прекинувал новинарката говорејќи и колку е убава. Херојот од „Брзи и бесни“ го обвинуваат дека ја малтретирал новинарката.
Од „ТМЗ“ бележат дека Вин Дизел малку бил под дејство на алкохол, а дека водителката била маѓепсана од холивудската ѕвезда.


