Ненад Јовановиќ: Постновогодишно горко кафе

Спремен бев да го одбранам елементарниот јавен интерес, и тоа практично во оној минималистички обид: се’ под тоа би била соголена, тиранска самоволја. И, бев тамо? Бев. Можев ли да бидам некаде на друго место? Никако и за ништо на светот

Ако во текот на изминативе десет години не си блокирал ниедна улица или џаде во Македонија, секој има полно право да те праша: а што, да простиш, воопшто правеше сите овие проклети години? Се правеше дека не си од тука, или можеби и сам беше еден од оние заради кои луѓето, во очај и гнев, ги блокираа улиците? Оти, како да го завртиш, не можеше многу што да се направи освен на таков начин да се искаже неслагање и протест; што друго да правиш со луѓе кои во твое име создаваат војни, кои се намерачиле да крадат избори, кои на сила јуришаат на други луѓе со поинакво мислење, то ест, на мислењето воопшто.

Не се сеќавам колку улици сум блокира, дали првата беше во Кавадарци, на семафорите до плоштадот „Маршал Тито“, или можеби, пак, тоа беше блокирањето пред Собарние, кога груевистичката хунта ги набрка пратениците на 24. декември 2013. година, познат како фамозен Црн понеделник. Дури и тогаш, приметив, имаше напалени кои не сакаа, опиени од Праведен Гнев и моментална илузија на моќтта за судбината над другите луѓе, да ја пропуштат ни амбулантната кола, ни луѓе со болни или мали деца во автомобилите, но на таквите ќе им се издеревме, па се’ некако ќе поминеше безболно; таквите комплексаши на душата ионака се глувчиња, доволно е малку да подвикнеш, или јако да им се издереш, па ќе цвикнат и ќе се скријат во глувчешка дупка. Како и да е, потоа дојдоа години кога пристојниот дел на Македонија од ден на ден го „блокираше сообраќајот“, не поради самата блокада, туку да соопштиме дека сме тука, дека не сакаме да отстапиме, само да покажеме дека една вонредна состојба, еден ползечки државен удар, ја врати Македонија во каква-таква нормална состојба, барем во нешто назиглед рамно на законот и разумот. Само како би успеал, просто кажано: спремен бев да го одбранам елементарниот јавен интерес, и тоа практично во оној минималистички обид: се’ под тоа би била соголена, тиранска самоволја. И, бев тамо? Бев. Можев ли да бидам некаде на друго место? Никако и за ништо на светот.

Поминаа четири години од тогаш, наследи време за Живот, некакви промени се очигледни, ама има една работа во која тој ден навистина го означи текот на големиот преврат: од тој фамозен Црн понеделник па до ден денешен, работите некако се променија, на улици излегоа луѓе кои никогаш порано не ни можеле, ниту смееле да замислат и излезат на улица, а тоа да не е во име и за сметка на нечија власт, некој „друг Тито“, „претседателот Груевски“, или кој и да бил друг. А кога веќе еднаш излегоа на улица, кога го почувствуваа тој мирис на воздухот, ништо повеќе не можеше да ги врати дома: ја нема таа причина која би им била доволно ситна и премногу лична така што заради него помпезно ќе ја блокираат главната раскрница во државата, кампувајќи тамо додека некое Државно (и високо) свештенство не им го реши проблемот, скоро секогаш се работеше за некакво парично својство.

Гледајќи ги тие луѓе кои искрено веруваат дека ним ќе им биде подобро ако мене ми биде полошо – бидејќи предвидувам, Груевци ќе можат истото тоа да го прват, ќе се повикуваат на таквиот преседан, тврдејќи дека и тие го работат истото што го правеше и опозицијата, отпорашите, шарените, граѓаните и на тоа слично. И цртај им ти сега на флип-чарт-хартија дека тоа не е исто, оти да се „шпацира“ низ Скопје заради лична мака – колку и тешка да била, како да речеме, колку што се тешки маките на осакатените работници на некоја пропадната фирма – туку си шпартал низ Скопје заради елементарна и воспоставена легална и демократска пракса, заради воспоставување или очувување на елементарните правила на игра без кои нема ниту држава или општество, освен запалива арбитрарна анархија и арбитрарна тиранија (ако овие две работи не се едно те исто).

На крајот, некако испаѓа како од ден на ден, во својство на пасивен објект, присуствуваш на едно дегенерирано демократско наследство за кое и сам, како слободен граѓанин, за волја на вистината малечок и ситен поединец, даде некаков микронски допринос, така што карикатурата на сопственото дело те погаѓа директно во нос, во гради, не ти дава да дишеш, не ти се мрда никаде, произволно интервенира во твојот живот во било кој момент за кој ќе и’ се пристори згоден. Па тогаш и тебе ќе ти се пристори згодно, можеби и сосема неправедно, дека од тие гневни и бледи лица, натопени во вистинска несреќа за кои не можат да проникнат во вистинските причини, а тие „причини“ ти во животот сто пати си ги видел, ама каде си можел да ги видиш?

Единствено на оној бравурозен „контрамитинг“, свет кој е длабоко пропаднат и погребан со двете раце и двете нозе. Свет кој никогаш не дофрил до поимот „граѓански“ или „политички“, туку сконтал дека нешто врло веома не у реду кога груевистичките бараби ќе му ги превртат личните, најличните џебови. Па само тогаш ќе почнат да се дерат и урлаат од главната раскрница во државата, ама тогаш за сите нас е веќе доцна. Или е премногу рано, како на тоа човек гледа. Па испиваш кафе кое некако е горко, а надвор е сончев ден, а ти си слободен, или заробен, како на тоа човек гледа.

 

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести