Дали овие фотографии се доказ дека Амал Клуни е бремена?

Холивудскиот актер Џорџ Клуни со сопругата Амал присуствуваше на премиерата на една серија во Лондон, а фотографиите од славната двојка за многумина биле доказ дека убавата адвокатка е бремена.

Да потсетиме, светските медиуми минатата недела пренесоа дека Амал е бремена и дека чека близнаци. Брачната двојка Клуни се уште не се огласила по овој повод.

Ова не е првпат да се шпекулира дека Џорџ и Амал ќе станат родители, но овојпат тука се и фотографиите кои одат во прилог на гласините.

Имено, на премиерата во Лондон сите очи биле вперени во Амал, која не себе носела шарен широк фустан, под кој наводно се надѕира трудничкиот стомак.

kluni kluni1

Најчитани вести