Иванка Трамп го воодушеви светот: Еве што прави нејзиниот син во Белата куќа

Иванка Трамп на својот профил на Инстаграм гордо објавил видео како нејзиниот десетмесечен син Теодор почнал да лази во Белата куќа.

Откако нејзиниот татко победил на американските претседателски избори, Иванка Трамп, покрј него, е најистакнат член на семејството. Освен што со сопругот му помагала на Доналд Трамп во Белата куќа, странските медиуми често пишувале дека Иванка потполно ќе ја засени Меланија и ќе биде прва дама.

Иако Иванка со Џаред Кушнер од луксузниот стан во Њујорк се доселила во нова куќа во Вашингтон, се чини дека помила ѝ е Белата куќа. Токму таму настанала снимката на која се гледа како нејзиното најмладо дете, синот Теодор, првпат почналo да ползи.

„Толку пресвртници доживеавме овој викенд, вклучувaјќи една на малечкиот Теодор кога почна да ползи во Белата куќа“, напишала Иванка покрај видеото објавено на нејзиниот профил на Инстаграм.

Видеото можете да го погледнете тука.

 

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести