Aко Отец Ивица живееше во Европа пред 500. години, сигурен сум дека ќе поминеше како месија. Денес, Отец Ивица, без разлика дали е човек на верата или не, тој е и јавна личност, па кај иоле нормален и разумен свет, што значи 500. години потоа, Отец Ивица би поминал како чиста и потспрдна заебанција за работите кои ги беседи по телевизии
Во демократско и секуларно општество, во општество на Европа и општество на западната цивилизација, после просветитетлството и после граѓанските револуции, верата и државата се стриктно одвоени, и ниту една верска заедница, било да се работи за мнозинска или малцинска на едно подрачје, не може своите интерни правила да ги наметнува на другите луѓе, ниту може своите „световни“ работи да ги наметнува на другите луѓе, без разлика дали се работи за личности, за феномени, за некакви верувања, за тоа дека некои легенди многу одамна се случени или неслучени на некое далечно место, дали се вистинити или не, најпросто речено: не може да им ги наметнува на другите луѓе; другите луѓе го имаат секое право, не само приватно, туку и во јавниот простор, на разни начини, вклучително и со сатиричен третман према тоа да се однесуваат. Што значи, Отец Ивица од МПЦ, ако живееше во Европа пред 500. години, сигурен сум дека ќе поминеше како месија. Денес, Отец Ивица, како јавна личност, без разлика дали е човек на верата или не, тој е и јавна личност, па кај иоле нормален и разумен свет, што значи 500. години потоа, Отец Ивица би бил чиста потспрдна заебанција. Шарлатан кој нема блага врска со умот и тоа што го зборува против „десоросоизација“, најобичен параван за омраза и удоволување на лидерот на ДПМНЕ, Груевски Никола лично. Денес никој жив-нормален не му обрнува внимание кога ќе се пародира, да речеме, „животот и смртта на Исус Христ“ итн. Околу тоа имате филмови колку што сакате, имате книги напишини, имате се’ и сешто.
Сакам да кажам дека пред 500. години во Европа, Отец Ивица ќе беше месија, дури би бил и голем Владика, а денес, 500. години подоцна, Отец Ивица би поминал како чиста и потспрдна заебанција за работите кои ги беседи по разни телевизии.
Отецот Ивица може да се лути на овој текст, поповите исто така, ама тоа напросто е така за оној современ дел од Европа, или ајде да кажам дека тоа е така во животот на современиот запад, кога велам „запад“ со тоа се подразбира дека тука ја вклучувам и’ Македонија, па дури и на еден бизарен начин. Или со други зборови, ако ти како свештено лице, Отец, претставник на Црква, земаш и се опираш на таков начин, ако земаш да клеветиш и хушкаш, па дури и се повикуваш на Свето писмо, Библија, значи дека задираш и брутално влегуваш во тој Цивилизациски простор, значи дека задираш во тоа што значи Фундамент на животот на овој дел на светот во најмала рака, ја би сакал да биде и пошироко, ама во најмала рака на овој дел на светот. Значи приказната со „десоросоизација“, односно протерување на невладнини, тоа не е локално прашање, па сега дали овој-или-оној се наошол повреден или не се нашол навреден, тоа, братко, е прашање на Западната цивилизација, а таа гласи: државата работи, а невладините се коректив на власта! Во западен свет, невладини организации не протеруваш! Затоа што тоа е прашање на некои Цивилизациски основи на кои почива системот на вредности до кои, во крајна мера – тебе ти е грижа.
ПРВОБИТНИОТ ГРЕВ НА РЕЛИГИЈАТА
Aко внимателно го погледавте Отец Ивица како се повикува на љубов, а посреде касапи и се залага за „десоросоизација“, па дури и се повикува на некои свои замислени граѓански права и беседи за заедницата, сфаќате дека тој човек се пазари со Груевски. Се пазари и со грујовиот „Проглас“, или му оди на рака на истиот, сеедно. Да одиме со некои примери за „Првобитниот грев“ на религијата, тоа на што се повикува Отец Ивица. Далај Лама ни вели дека може да посетуваме проститутка се’ додека некој друг им плаќа место нас. Шиитските муслимани нудат „времени бракови“ продавајќи им на мажите дозволи за склучување брак на час или два, со вообичаени завети на почетокот и потоа со развод кога ќе ја завршат работата. Половина од прекрасните зданија на Рим никогаш немало да бидат изградени да не’ била продажбата на индулгенции. Папата, поранешниот Јозеф Рацингер ја привлекол католичката младина на фестивал нудејќи им „отпишување на гревовите“ на оние што ќе дојдат. Сакам да кажам дека ова се мали зрцалца на бедниот морал на свештените лица. На крајот на краиштата, Џорџ Сорос заговара „Отворено општество“ на луѓе, индувидуи, креативни струи во општеството; Отец Ивица се повикува на тоталитарни декрети, кои почнуваат со директиви на апсолутниот авторитет, без разлика што едниот е метафизички, а другиот партикуларен.
Таквите два тоталитарни декрети завиени во обланда „десоросоизација“ се спроведуваат со сила и се засновани на некој одамна направен грев, така што им се даваат задачи, или можеби сами си ги земаат – одработуваат агенди кои прво се неморални, а како второ се невозможни. Во некоја мера така функционира и тоталитаризмот: создава закони кои се невозможни да се испочитуваат. Отец Ивица, ако е свесен за себе, во што не верувам, со своите „црквени зборови“ спроведува закани во име на груевистичката каста, партијата, која притоа е крајно ревносна во откривање на грешки. Дозволете уште само за момент да дадам неколку примери на правилата кои мора, но не е нужно да се почитуваат.
Заповедта од Синот која на луѓето им забранува дури и да помислат да копнеат по материјални добра. Сличен пример имаме и во Новиот Завет, во забраната која вели дека човекот кој само ќе погледне друга жена на погрешен начин веќе сторил прељуба. А тоа речиси е еднакво со актуелната христијанска забрана за давање на пари на заем со камата. Сите тие, имено, Оци, попови, свештени лица, на свој различен начин се обидуваат да наметнат невозможни ограничувања врз човечката иницијатива. Да повикуваш и хушкаш на протерување на невладини организации, цивили, значи дека ти, господине Месија, признаваш лична вина, дистрибуираш лажни ветувања, поттикнуваш гласини, насилно денунцираш до други „грешници“ во заедницата, или во една реченица – ти си ништо друго освен обичен егземплар на духовна полициска држава!
КОИ СЕ, ПО ЃАВОЛИТЕ, ОВИЕ ЛУЃЕ
Со Македонија владее олош! Не е тоа прв пат, ама ваков до сега не бил. Овој е така опасно песеан, како се вели – „системски“, најлошиот во новата историја. Талог (почнувајќи од најголемиот „Мештар свих Хуља“) кој се калеше прво како боксер, па во десничарски фаланги и разни тајни фашистички подземја, па се до разни „народни кокошарници“. Во споредба со него (и само со него), дури и злобниот, морално ограничен Отец Ивица ми изгледа како џентламен. Затоа ниту конфликтот со „десоросоизација“ не е исполнет со идеологија, дури не е исполнет ниту со политика, дури не е ниту исполнет со некоја врста на „задржување на власт“: не, туку тоа е личен конфликт, како што и се’ друго поврзано со него е лично. Оние другите ниту умеат, ниту постои некаква политичка содржина надвор од нив самите, во „најлична“ смисла. Па, само послушајте: за што зборува еден Груевски кога зборува за било што? За себе, единствено за себе. Со искрено воодушевување од себе и со чести напади од личната екстатичност, личната возбуденост. Во таа смисла, најглупави (и најштетни) испаднаа оние кои први тргнаа да го бранат Груевски, верувајќи дека се одрекуваат од него лично: не, туку тие него го надминаа. Груевски е претежок политички дилетант од претходната декада, претежок кловн на изминатата декада; од него ја собраа бесрамноста, се’ друго е нивен изворен софтвер. А Отец Ивица? Тој е симптом, сага за едни „шарени паганштини“, отворен показател со кого се’ си имаме работа и за што овде се работи.
Пишува: Ненад Јовановиќ,
граѓански активист


