Драма на аеродромот: Доналд Трамп ѝ се одмазди на Ким Кардашијан

Пред неколку дена Ким Кардашијан со својот „твит“ покажа зошто забраната за влез на муслиманите во САД е погрешна, а веќе денеска дочекала одмазда од Доналд Трамп.

Имено, нејзиниот приватен авион бил пребаран на аеродромот во Лос Анџелес поради сомнение дека во него се наоѓаат илегални мигранти.

Ким со семејството се враќала од четиридневниот излет во Костарика, кога во авионот влегле цариници, а по двочасовниот разговор со нив, семејството Кардашијан смеело да го напушти авионот. Нивното излегување од авионот го снимиле насобраните папараци.

Откако Трамп потпиша извршна наредба со која на четири месеци го суспендираше влезот на бегалците во САД, и привремено забрани влез во земјата на државјаните на Сирија и на уште шест земји, Ким не губеше време па на Твитер му одговори на новиот претседател, објавувајќи табела со бројот на Американци кои во просек, годишно се убиени од екстремистичките муслимански мигранти.

Таа објави статистичка табела, со која се осврна на моменталната политичка состојба.

Табелата која Ким ја објави покажува дека екстремистичките муслимански емигранти годишно убиваат двајца Американци. Од друга страна, Американците годишно убиваат 11.000 луѓе. Ова следи по указот кој го потпиша Трамп за мигрантите.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести