ФРЧАТ СМЕНИ: Разрешена директорката на Агенцијата за поддршка на земјоделството!

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Билјана Вуковиќ е сменета од функцијата, дознава Фактор. Засега не е познато дали Вуковиќ сама си поднесла оставка од директорската позиција или пак е разрешена. Во моментов сеуште нема поставено нов директор на Агенцијата. Информацијата ја потврди и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

„ Да точно е дека е сменета, но не ја знам причината бидејќи на таа владина седница не присуствував, само бев известен дека е сменета.Во моментов сеуште нема поставено нов директор, ќе се знае на следната владина седница“,вели Цветков.

Повеќе на ФАКТОР

 

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести