Ненад Јовановиќ: Контраудар на „културните отпадници“

Позициите на „културните отпадници“ се позиции кон оние луѓе кои се на маргини, места во кои се собираат „сомнителни“, „шарени“, наркомани, хомосексуалци, лезбејки, и останати – „култур-отпадници“. Тоа се луѓе кои ги прифаќаат сите вредности на мрскиот „трул запад“, наместо покорно да се држат како нашите (надри)десничари за нивните „традиционални вредности“.

Боже, колку се само смешни и тажни нашите (надри)десничари со нивниот паланечки светонадзор! Сите тие „патриоти“, „правоверни христијани“, „домаќини луѓе“, сите тие фрик-кукли од Музејот на стравот и ужасот! Седат така, по цели денови, мантраат ли мантраат, врескаат ли врескаат кон целиот свет и вселена, му врескаат на животот „како таков“; оти се’ што е живо се наоѓа во некакво движење, во некаква непрекината промена, и се’ – сосема природно – пркоси на состојбата на апсолутна отапеност и умртвеност, им пркоси на нивниот патриотско „нирванистички“ идеал. А една од тие мантри на кои сите тие кловновски ликови се нафрлаат како крвожедни – се луѓе кои се други и различни од нив, што, пак, за сите (надри)десничари претставуваат туѓи и настрани, таквиот сој влегува во категоризација од „традицијата“ – таа монотеистичка и моноконфесионална која е ништо друго освен архаична национал-романтичарска, она конфликтна, напорна, досадна, таквата е се’ она што не сме ние, онаа која е фундаментално моронска, онаа која сака се’ да припитоми и „нормализира“. И нема таков проклетник кој ќе се дигне против зададениот „поредок на работите“, а да овие наши провинциски некрофили не’ го избербатат со „фетишот на традицијата“, како да се работи за некаков глобалистички ѓавол; со други зборови, таквиот ќе биде попрскан со катран и перје како „отпадник од традицијата“, отпадник од родот, верата, природата и народот, од се’ „она што ни е најсвето“.

ТРАДИЦИЈАТА Е РЕПРЕСИВНА

„Традицијата“ за која говорат нашите (надри)десничари репресивна е по дефиниција (и регресивна, и депресивна…), таа не е ништо друго освен сет од некои зациментирани вредности, а пак, ресентиманот на таквите „вредности“ го црпат од некое митско „златно време“ кое механистички се пренесува „од колено на колено“, во секоја следна генерација создавајќи се’ помалку смисла.

Начелно, многу е лесно таквиот свет да се отера по ѓаволите, и „инајџиски“ да се прогласи за „нулти час по историја“, ама тоа не е многу повеќе од нервозниот и претенциозен чин кој, низ други недостатоци, има тука претстава за што станува збор.

За се’ ова се думав овие денови, празникот на мојата душа, кога дојде мојот драг пријател од Берлин, Ранко Дакиќ, несекојдневен кавадарчанец кој те поттикнува со филозофски лупинзи за општеството, позитивни вибрации, „бритки“ и луцидни коментари околу заедницата и луѓето. Зборуваме за Македонија која е нападната изминатава декада од сомнителни типови, битанги, општествен талог кој сака – во пуста желба за моќ – да пљачка, убива, „мародерски“ во име на земјата, нацијата, државата. Обратно, нашите стојалишта, на Дакиќ и мене, во голема мера се позиции према оние луѓе кои се на маргини, места во кои се собираат „сомнителни“, „шарени“, наркомани, хомосексуалци, лезбејки, и останати – култур-отпадници. Таквите луѓе кои ги прифаќаат сите вредности на мрскиот „трул запад“, наместо покорно да се држат како нашите (надри)десничари за нивните „традиционални вредности“…

 

ШТО Е ТОА ТРАДИЦИОНАЛНА ВРЕДНОСТ

Се работи „за оргија на дрвен јазик“, за будалаштина недостојна за коментар освен грубо и до болка мачно нотирање на безвезни факти кои се менуваат како што се менуваат доминантните идеологии, ама не и’ доминантната состојба на духот, како што се: рокенролот, панкот, или се’ она што на (надри)патриотите им го загрозува „духовното здравје“, па така, сиротите наши патриоти – во целост до неодамна болшевици – урлаат против она што не го разбираат (уште полошо: ако го разбираат, тогаш сфаќаат дека тоа е вперено против нивниот свет!), променувајќи неколку бау-бау поими, додека се’ друго останува исто.

НАЦИСТИ КОИ НАПАЃААТ КНИГИ И АВТОРИ

Има една прекрасна книга на Чехот Јозеф Шкворечки – најголемиот џезер меѓу писателите и обратно – кој пишуваше како во оние минати времиња во неговата окупирана татковина, окупаторите се курдисале против џезот и џезерите, подигајќи хајки, најпрво нацистите, а веднаш потоа Сталинистичките комради…

Тоа е, преведено во наш локален контекст, ваквите луѓе гравитираат и го рефлектираат „културното отпадништво“, а кај населението предизвикуваат дежурни страшила за филистарските произведувачи на „морална паника“ и нивните дистрибутери „на ангро“.

КАКВО Е НАСЛЕДСТВОТО НА КУЛТУРНИТЕ ОТПАДНИЦИ

Во вистинска смисла на зборот постмодерно, мултикултурно, сложено, слоевито. Што би можел мојот драг пријател, Ранко Дакиќ, уметник кој живее од својата работа да претставува за локалните (надри)десничари и патриоти: бел, достоинствен „тиквешки“ Manu Chao, Аlbreht Direr, Egon Sile, Maks Bekman, Frida Kalo. Затоа што овој човек работи уметност, компонира стилови, меша и прави крис-крос на етничкиот, интеркултуралниот, става примеси на француското, германското, австриското, еврејското, југословенското, македонското… Затоа нашиот свет се коси со онаа наша досадна и репресивна „автентична традиција“ (се разбира дека секоја автентичност е условена, од таквиот поим човек треба да се варди!) која во наше име, изминатава декада, пљачкаше, силуваше, убиваше, протеруваше. Тоа е, и таква е традицијата, која во еден фриволен термин, објаснета како таканаречена „вредност“, не е воопшто cool, туку е репресалија која се коси со светот на постмодерната, „шарените“, сиот оној свет кој зборува лесно и весело. Тоа е нашата иднина. И само заради тоа Македонија буди надеж; само заради тоа Македонија дава шанса и можност за еден нов и шарен свет.

 

Ненад Јовановиќ
Граѓански активист

 

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести