Знаете ли драги мои што ми е најкриво? Лажењето. Лажењето, манипулирањето со луѓето и нивните чувства. Знаете ли зошто ми е жал за оние протестанти што исконски веруваат дека ја бранат државата!?
Видете, нели ни продаваат приказна дека ДПМНЕ е против федерализација и кантонизација и затоа се протестира? Еве да претпоставиме дека е тоа така. Тогаш како е можно на протестите да се против федерализација, а во Собранието нивните највисоки претставници, како Илија Димовски, повторуваат дека принципот победник со победник мора да се почитува и дека демонстрантите се тука тоа да го гарантираат.
Ја разбирате ли воопшто манипулацијата што ви се прави!? Разбирате ли дека принципот на унитарност познава математика и бројки и мнозинството е единствено кое владее во унитарни држави, а тоа никако не се формира според принцип победник со победник! Побогу луѓе! Тоа е токму принцип што се користи во федерални држави со кантони! Разбирате ли што ви велат од ДПМНЕ? Тие велат – ние ќе владееме во дпмне-вскиот кантон, Албанците ќе владеат во албанскиот кантон!
Ја разбирате ли драги мои оваа забеганост!? Го разбирате ли апсурдот дека поддржувајќи ги на протестите, вие фактички работите против унитарна Македонија и токму за федерализирање на државата!?
Се надевам дека што побрзо ќе разберете и ќе почнеме повторно да градиме нормална држава.
Фејсбук статус на Роберт Милески


