Овој човек со години манипулира со нашите животи, земајќи си за право (што значи го приватизира јавното појавување) да го расчистува теренот, кажувајќи ни најпрво кој е „вистински новинар“, па кои институции и кои поредоци во политичка смисла се нападнати, па каква е ова земја и кој се’ ја нападнал. Се курдисал Д. Павловиќ да дели огромен број на луѓе според неговите „ориентации“ и „координати“ за кои само тој очигледно има некоја „вистинска комесарска бусола“.
Линискиот судија на нашето новинарство, скопскиот „професор“ по политички науки (политички „што“?), Драган Павловиќ Латас повторно истрча на терен, со нова колумна наречена „Порно“ (Вечер, 26. Март 2017. година), дисциплинирајќи не, снижувајќи не, правјеќи не помали од зрно гравче, објаснувајќи дека поредокот, институциите, културата, државата и народот во целост се нападнати. Неговите тези, ако го читате често (да не речам „редовно“?), ќе видите дека се работи за конструкции, колажира синтагми во нашата општа збрка, па ги продава како нов текст. Ако човек не сака да се интересира за Павловиќ и неговото слово, би рекол дека би било во ред, а ако сака, моето прашање до него би било: чуму се’ тоа? Што Павловиќ под напад на институциите подразбира? Што подразбира како напад на културата? Што е тоа „македонска култура“?
Читајќи го, човек добива впечаток дека нашиот новинарски „месија“ се наоѓа во поплава од идеолошко-порамнувачки лекции за нашта еколошка равнотежа и духовна стагнација. Ако Д. Павловиќ е ориентирот на новинарската јавна свест, тогаш не е воопшто чудно што толку гадно сме пропаднале. А, ако е она другото, она во кое Д. Павловиќ не’ смета за неинтелегентни глупаци и „странски“ комесери, на оние, имено, кои треба некои идеи да им ги напикаш „директно в глава“, па дури и со бескрајно повторување на едни исти работи. Како било, очигледно е дека овој „професор“ забрефтано трчкара низ нашиот медиумски терен и страствено мавта со Груевистичкото пљачкашко знаме, одделувајќи ги „овците од јарците“, праведниците од грешниците, левичарите од десничарите, објавувачи таква политичка тирада која ја нарекол, во наплив на креативност, можеби докажувајќи ни ја својата „машкост“ (?) – „Порно“.
Овој човек со години манипулира со нашите животи, земајќи си за право (што значи го приватизира јавното појавување) да го расчистува теренот, кажувајќи најпрво кој е „вистински новинар“, кои институции и кои поредоци во политичка смисла се нападнати. Се курдисал Павловиќ да дели огромен број на луѓе според неговите „ориентации“ и „координати“ за кои само тој очигледно има некоја „вистинска комесарска бусола“. Така тој за себе со години си приспособува некоја агит-проп ауреола, денес кога повеќе таква работа е неможна, доколку таа носталгија за провладините методи не изразуваа една основна ориентација против која сите ние се бориме?
Ако подобро ги прочитате неговите реченици, лесно ќе видите дека се работи за колосална збрка, подеднакво идеолошко-политичка, како и културно-критичка. Факт е дека тој човек со години пишува една иста растеглива колбасица на декаграми, пишува за сите режимски портали, пишува праволинсики, едноставно, што би се рекло, со „прост јазик“, што покажува дека тоа – никој не го чита. Ако има фер луѓе во неговата редакција, сигурен сум дека тоа што Павловиќ Д. пишува, на драго срце ќе му признаат, „шефе, па ова бре веќе еднаш е објавено, само малку поинаку, испомешано“. Погледајте ги тие реченици кои не бараат никаков труд, таа убиствена монотонија во неговиот збор е брутална, наакан со иста страст на „одвојување“ и „пресудување“. Жонглира со поими и синтагми зачинети со силни емотивни и идеолошко-политчки набои, како истргнати од некоја пи-ар агенција за идиоти, Павловиќ Д. така на себе навлекува дрес кој не му припаѓа. Како некаков супер Хик-Ап, директно од бурето во страстосферата, па во неговите „текстови“ ликвидира цели класи, граѓанско општество, воведува диктатура на пролетаријатот, ја крои некоја новинско-културњачка политика, скока од една до друга „опозиција“, ги оценува „привилегиите“, дава смерници, ги испитува „подземните“ дромфуљи и макроа, одредува кој смее да стои „лево“, а кој смее да стои „десно“, објаснува кој сака да стои „горе“, а кој сака до го прима од „долу“… Ни напиша „професорот“ Драган Павловиќ политичко-новинска збрка која ја нарече „Порно“, па сега е време за некои прашања.
- Павловиќ Драган вели дека е нападната државата, институициите, културата, се’ она што се нарекува Македонски поредок, па зошто се’ уште гнасно одработува за Груевски и неговата клика? Нели новинарството е професија која што се занимава, како и медиумите во целина, со јавен интерес? Што ќе правиме со нападот на 22. Илјади конкретни луѓе кои се прислушувани од режимот на Груевски? Зарем тоа не е јавен интерес?
- Дали аболицијата на Иванов за вас, како медиумски јуришници, како проектанти на националната Македонска држава, значи и’ рехабилитација на национализмот од 90-тите години: своја држава која независно од околностите низ комшиите (брутално бришејќи го антифашистичкото минато и сеќавање на Македонскиот народ) сама одлучува што ќе прави внатре во своето устројство, а притоа, создава комплетна негрижа за сеќавањето на Асномска Република и нејзината партизанска споменица, бришејќи ги улиците на сите партизански жртви, а устоличувајќи ги сите жртви од комунизмот, со тоа директно спроведувајќи фашизација, односно национализација на целото општество?
- Кога ја спомнува културата, зарем Павловиќ не гледа дека еднакви правила не важат за сите, или во превод: не сфаќа ли господинот дека Македонија изминатава година подлегна на културен инжењеринг со тоа што на Македонецот му се избриша антифашистичкото сеќавање, па му се „чипува“ античкото, само како би бил претворен во глупав националиста која не може да види подалеку од сопствениот папок? Што би била современената историја на земјава, „Македонија во античко време“?
- Ако СДСМ и „шарените“ не спаѓаат во „чесна интелегенција“, во која тогаш „ориентација“ спаѓа самиот наш професор, Д. Павловиќ?
- Ако Д. Павловиќ никој не го задолжил на овој начин да „чачка“ по културата и да одделува (лево) шарено од (десно) кукање, со какво новинарско-критичка и професорско-научна формација може да се опише неговата опседнатост со идеолошко мафтање на Македонското знаменце?
- Да се правам сега пристоен, фин, неименувајќи ги сите оние луѓе по име и презиме кои „угедниот“ професор – со помош на тајната полиција – ги држи сите оние актери, пеачи, уметници, зарем Д. Павловиќ со таквиот гест за себе не го задржува единственото право, од сите нив, само тој, лично, да ја има аурата на „објективен“ и „непристрасен“?
- Дали оваа метода на заплашување, практично е свесен притисок за понатамошно „креативно изразување“ на денешните уличарски југенди на Груевизмот?
- Што ќе биде со невладините: земја која се залага за влез во ЕУ и НАТО, што значи од една страна земјата влегува во некој свет на цивилизирани (а во свет на цивилизирани не протеруваш, гониш, репресираш невладини преку полиција и ОЈО); а НАТО, тоа е безбедносен чадор во кој земјата ќе потпише декларација, документ, која ќе означи дека приказните со „патриоти“ и „предавници“ се завршени.
- Ако знаеме колку е слаб новинарскиот – праволиниски – опус на Павловиќ Д., составен од некое медиумско презентирање (натегање?), а пак професорските референци како политички науки прилично танки, смее ли да се праша: ШТО ОВДЕ СЕ СЛУЧУВА, како смее да ни држи лекции, соли памет и да ни ги одредува „ориентациите“ еден полу-писмен новинар? Односно еден полу-новинар.
- Зарем не е толку очигледно дека Д. Павловиќ лови фантоми за нам да ни продаваат магла? А таа магла мени ми личи како погреб кој е наречен „За заедничка Македонија“; тоа се службеници од администрација, луѓе кои се како службени попови, па наместо со спуштени глави да изговараат молитви за диктаторот да не отиде во затвор, нивната агенда е обратна, тие сакаат да се посерат на еден гроб. Нивната агенда е гомно на гробот која е наречена „За заедничка Македонија“.
А, за што, всушност, тука се работи? Се работи за тоа, да идеолошката плиткост и авторската мутавост, кои одекнуваат од скопскиот „професор“ и пропагандист на груевизмот, Д. Павловиќ, неизмерно и’ штетат на вистиснките расчистувања на нашите конкретни, морални и идејни несогласувања во нашите средини. Немајќи никаков авторитет во новинарството – за кое самиот е крив – бидејќи се мава во гради и дели лекции на сите страни со својата „сплеткарошка методологија“, создава забуна меѓу јавноста, внесува еден догматско-рецептолошки дух кој вреска низ пепелта на одамна истрошените идеи, и конечно, се наметнува како врвен судија во новинарството, држејќи ги сите медиумски сталежи во заробеништво. И страв! Се заканува со прст на сите страни, ветувајќи ни „суден ден“ во кој едни ќе ги стави „лево“, а други „десно“, тој професор создаде општествена функција без чест, и без никакво културно значење. Затоа ја одбивам неговата колумнистика „Порно“ бидејќи позади неа не стои ништо: ни личност, ни дело, ни силна идеа…, само прашина и ветар во правилинисокото слово на Д. Павловиќ.
Ненад Јовановиќ
Граѓански активист


