Трајко Вељаноски е директно најодговорен за оваа лакрдија. Најгрубо го крши Деловникот за работа на Собранието и Уставот на Р.Македонија. Како и да е…за многу брзо ќе има излез од оваа криза. Граѓаните на Македонија заслужуваат повеќе и подобро – на фејсбук напиша пратеникот од редовите на СДСМ, Васко Ковачевски.

И пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ со истата констатација за претседавачот на седницата Трајко Вељаноски кој се понуди правно да му помогне на мнозинството во собранието како да се премине на 4 точка од дневниот ред, за избор на Претседател на Собрание на Република Македонија.
-Од вас, Вељаноски можам да побарам совет доколку сакам да го изиграм деловникот и понижам Собранието на Р.М. Но јас сакам да работиме по деловникот и затоа се повикувам по член78 став 2, според кој може веднаш да се премине на избор на Претседател на Собранието на Република Македонија – рече Спасовски.



