Ненад Јовановиќ: Патриотска „мајка“, шампион за наслови

Приматот на белгискиот чудак и мистик, Жорж Сименон ќе биде сериозно загрозен: патриотската „мајка“, Мирка Велиновска, ќе го престигне во објавување на колумнистички наслови. Дури, ми се чини, ќе го надмине, преку нејзиниот наплив на креативност од малиот ум, трансферирајќи наслови од „затворот“ наречен Македонија, а знаеме дека затворите се „идеални“ универзитети и пропулзивни „работилници на креативно пишување“. Хм, веќе кога сме кај насловите, еве две сродни спротивности на овие плодни автори: насловите на Сименон се некако „обични“, додека она интересното се крие „унатре“ во книгите, што значи измеѓу кориците. Просто речено, Сименоновите книги се „содржајни“…

Со делата на патриотската „мајка“, колумнистичките работи стојат сосема поинаку: единствено нешто занимливо во писанијата на „мајка“ Мирка се насловите; „унатре“, пак, совршено нема ништо – купишта зборови подредени без никаков сериозен ред и смисла. Затоа во тие редови на патриотската „мајка“ ретко кој погледал, дури и најголемите перверзњаци го избегнуваат пишувањето на Мирка В., што да се прави, луѓето внимаваат на сопственото здравје: се што сака „мајка“ да каже стои во насловот (полн, долг, сложена структура) па натаму нема што да се трудите, дотолку повеќе што и натаму нема соврешено ништо во нејзината „колумнистичка“ работа.

Жорж Сименон е глобален феномен, уникат, иноватор: кога ќе речеме дека тој човек до сега – односно додека беше жив – има објавено „104. наслови“, тогаш тоа треба да се разбере буквално; тој човек толку многу креативно се исцрпува во барање на идеален наслов, тој човек толку многу се исцрпува во преостанатиот дел од материјата за остатокот од книгата.

Насловите, пак, на „мајка“ Мирка, се толку ефектни, толку се мисловни, а богами и убиствени, така што полека, ама неизбежно стануваат дел од усменото „народно предание“ на сите македонски патриоти, што и не е чудно заради фактот што нејзините наслови се наменети за сите оние „усмени типови“, тие драги едноставни луѓенца кои држат до системот на мислење дека секој пишан збор е опасен и штетен ако е подолг од реченица-две: тогаш се работи за „филозофирање“, а од филозофаторите никогаш никакво фајде – се’ тоа, „јовановиќу“, треба да се фати за струг или за плуг. Затоа исказите на нашата патриотска „мајка“ се брутално прости, затоа исказите на „мајка“ Мирка се лишени од странски зборови: секој оној што разбира дека „со помош на Зоран Заев и соросоидите, Македонија е вештачка македонска нација“, а поготово кога тој-и-тој е „педерски и шпунски испрдок“, и зошто некој друг треба да „јаде гомна“ а не, да речеме, Тодорче Божекифловски.

Сепак, посебно и почесно место меѓу Миркините дела, како усмени, така и писмени, припаѓаат зборовите „шпиун“. Оваа титула нашата патриотска „мајка“ ја чува за сите душман(к)и. Големите „ЦИА шпиуни“ се патентирани од нашата мајчица, додуша, таа создавач на еден од талентираните патриотски следбеници, луѓе кои до таквиот заклучок доаѓаат контемплирајќи на чистиот скопски воздух како автентично тло за психотирање на своите реченици и мисли – ама нема сомнеж дека до такв генијален изум најпрво не дошла мајчица Мирка ако на таквото мислење не претходеше нашиот голем мислител, патриот и татко, Никола Груевски. Потоа следеа други шпиунски курви, да речеме онаа „шпиунска курва Сорос“, па „шпиунската курва Заев“, па онаа „провинцијална шпиунска курва Јовановиќ“, но сепак, би рекол, во овој курвинско-шпиунски куплерај – или можеби дрон-фаза, како што некогаш сликарите имаа некои плави, зелени или црвенo-жолти- фази? – создавајќи ја нашата „мајка“ својата најнова колумна со наслов, „Ниту Иванов ќе го скршат ниту црвено жолтата Македонија ќе ја замолчат“.

За Иванов знаете, тој веќе е скршен по среброто од Анска река, знаете исто така дека оваа река се наоѓа близу Валандово, територија од која луѓето многу одамна се одселија заради некоја „необјаснета“ појава, не дека немаа пари и волја за живот близу среброто во Анска река. А, пак, сигурно се прашувате, што бараат боите во насловот? Веројатно се работи за некаква научна федерализација која се објаснува преку боите, или можеби пак, преку боите и’ се пркоси на албанската платформа, јазик, нема друго. Како сакате речете, „мајка“ Мирка е благородна патриотска писателка затоа што има аквизитори-волонтери, кои пред некоја ден мафтаа со „контра реплики“ низ Собранието, испуштаа усно-мисловни именки, суетејќи го уште повеќе оној билмез Иванов „да не попушта“, пишувајќи му колумни и усмени контра-реплики кои ќе му послужат за нешто. Нахушкан и осутен, Иванов се слика дури и за Хрватската телевизија, гордо држејќи го насловот на „мајка“ Мирка во своите раце и мисли. Им се обраќа нашиот умственик и научник на сите оние патриоти кои ништо не читаат; им се обраќа Иванов на оние луѓе кои успешно бегаат од читање: таа патриотска „мајка“ – која штанца само наслови – конечно најдоа идол, онаа колумна која може да се исчита за секунда-две. Толку траеше и лупетањето на Иванов на Хрватската телевизија. Секунда-две. Таква е и денешната национална политика за спас на Македонија. Секунда-две.

Ненад Јовановиќ
Граѓански активист

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести