Љубовта на Макрон не гледа години

Независниот центристички кандидат Емануел Макрон и кандидатката на крајно десничарскиот „национален фронт“ Марин ле Пен во очите на јавноста веднаш по завршувањето на најскандалозните и непредвидливи претседателски избори во франција. Светските медиуми ги поплавија насловните страни со Емануел Макрон поради неговиот брак со жена која е 25 години постара и е баба на 7 деца.

bridzit

Станува збор за 64-годишната Бриџит која била поранешна наставничка на Макрон а сега негова жена. Макрон ја запознал Бриџит кога тој имал 15 години во католичкото училиште каде учела и нејзината ќерка Лоренс, која е на иста возраст како и Мекрон.

Неговите родители биле изненадени кога дознале дека нивниот син е во романтична врска со неговата учителка, бидејќи мислеле дека тој всушност е заљубен во нејзината ќерка, пишува „Ројтерс“.

bridzit4

Писателката Ана Фулда, која ја објави книгата „Емануел Макрон: Совршен млад човек“, разговарала со неговите родители за недозволената афера на нивниот син со Бриџит, која се уште била во брак со таткото на нејзините три деца.

Неговите родители биле шокирани од веста и веднаш го отпишале од училиштето и го испратиле на студии во Париз.

Мајката на Макрон, во разговорот со Фулда изјавила дека не може да верува во изборот на нивниот син со што биле против формирање на брак со жена која што не може да има деца со Макрон поради разликата во годините.

„Не можевме да поверуаме. Она што е јасно е дека кога Емауел ја сретна Бриџит не можевме едноставно да кажеме „тоа е одлично“.

Но, жената која наскоро би можела да биде прва дама на Франција, на родителите на Макрон им одговорила дека тоа не треба да биде одлучувачко прашање бидејќи Макрон веќе избрал со кого да го помине својот живот, известува Ројтерс.

Бриџит, чија богата фамилија е сопственик на позната француска империја за производство на чоколадо стапила во брак со Макрон во 2007, откако таа се разведе со својот веќе поранешен сопруг.

Независниот центристички кандидат кој освои 23,75 проценти во првиот круг од гласањето, на вчерашното обраќање кон францускиот народ се појави со неговата сопруга Бриџит каде гордо изјави дека дека по две недели сака да стане претседател и дека кон вториот круг гледа со оптимизам.

“Сакам по две недели да станам вашиот претседател, претседател на целиот француски народ , претседател на патриоти во заканата од националистите.” – изјави Макрон пред своите поддржувачи.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести