Ванхауте: Само парламентарното мнозинство може да владее со земјата

„Конечно, новото парламентарно мнозинство го стори тоа што мораше – во линија со демократските принципи. Фактот што ВМРО уште еднаш разгори насилство во собранието потврдува дека тие се противат на нормална, функционална демократија. Тоа што сте најголема партија не значи дека владеете со државата. Само парламентарно мнозинство може да владее со земјата. А засега ВМРО не е дел од новото мнозинство. Тоа е демократија!

Пред се сакам да му честитам на Талат Џафери за неговиот избор за Спикер. Господине Џафери, јас сум убеден дека вие можете и ќе го поддржите враќањето на нормална и функционална демократија што поскоро.

Се надевам дека повредените во денешното насилство ќе се опорават брзо и ќе продолжат со својата работа како претставници на народот. Покрај составувањето на новата влада ги очекува уште многу работа.

За крај, се надевам дека новото мнозинство ќе спроведе сериозна истрага за слабото обезбедување на Собранието во ваков критичен момент. Во еден демократски систем е неприфатливо вакво ниско ниво на безбедност за оние кои им служат на граѓаните.“

Питер Ванхауте

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести