Стара сум. Како да сум ги истрошила сите зборови, се’ сум кажала а никој не сфатил.
Стара сум. Не поднесувам и немам повеќе разбирање за злите, неуките, простотилукот, безобразлукот, осветољубивите, некултурните, а само сакав да направам да се луѓе повторно.
Стара сум. Немам повеќе време за “ќе биде” и “се’ е во ред”.
Стара сум. Рамењава камења да носеа немаше толку да болат како од товарот на лошиот живот кој не сме го заслужиле.
Стара сум. Само сакав мир а добиваме повици за војна.
Стара сум. Немам повеќе ни солзи за плачење, ниту разбирање за тие што не плачат.
Стара сум. Убавите мисли ми ги полија со крв.
Стара сум. Одбивам да прифатам дека казна го стига лошиот кога добрите патат.
Стара сум. Но изгледа не доволно за да престанам да се надевам.
Фејсбук статус на Ели Манчевска


