Поминаа два дена како го напишав и не можам да издржам, а да не го споделам ова…
Не коментирам никогаш за политика затоа што не сум сметала дека сум компетентна да коментирам., ставот и изборот се мои. Ова го пишувам затоа што мислам дека ќе пукне целиот бес од мене, бидејќи денес беше загрозен животот на еден член од моето семејство.
Безгрижниот повик околу 13 часот, кога и реков „те чекам после Собрание, кај нас на кафе“, со несигурен глас ми одговори „ќе видам, ако можам“. Не сакаше да ме загрижи иако знаеше однапред што ја чека и што ќе се случи тој ден. На никој нема да посакам зло, затоа што не сум така воспитана. Посакувам само секој да одговара за својот криминал и своето дело и никој никогаш да не доживее стрес како мене и моето семејство со повик од тетка ми „жива сум, добра сум, се кријам и неможам да зборувам“. Толку да ви се заледи крвта и тоа да биде само почеток на целиот хаос. Со сите снимки кои одат на ТВ во живо, безброј повици и пораки од пријатели. Добивам и повик од другар кој панично прашува дали знам каде е татко му затоа што не му се јавува, дали е повреден, бидејќи и тој е пратеник. Јас заледена не знам што да му одговорам и пробувам да го смирам не знаејќи и самата што ќе се случи во наредните пет минути. На се тоа утешно ја молам тетка ми да побара помош од полиција неосвестувајќи се дека полицијата е рамо до рамо со најголемите робијаши, криминалци, силувачи и ништо не превзема, па стравувам дека ова ќе оди до бескрај…
И не сум бесна на тоа што си го браните криминалот. Бесна сум на тоа што сум сигурна дека тетка ми и нејзините колеги машки се борат за правда и за подобро утре жртвувајќи своите животи, а вие дојдовте да ги убиете. Жена која лавовски скокна да ја брани Радмила несвесна дека е опкружена со платени убијци и не размислувајќи на последиците. И горда сум, најгорда на свет за секој чекор што го направија и што гордо стоеја со дигнати глави кога влегоа хулиганите давајќи тивка порака „Државата се брани со образ и правда а не со насилство“.
И за крај послушајте што има да ви каже овој голем човек. Сите ќе завршите во затвор и се ќе излезе на виделина БАНДО КРИМИНАЛНА!
Фесјбук статус на Соња Кокиќ


