(ВИДЕО) Се качи на сцената на Евросонг и го покажа задникот

Гледач од публиката направи инцидент на Евровизискиот фестивал. Тој  се качи на сцената и ги слече панталоните среде директниот пренос што го следат над 200 милиони гледачи.

Инцидентот се случи  кога минатогодишната победничка Џамала во паузата пееше во мало шоу додека траеше гласањето. Гледачот покриен со австралиско знаме се качи на сцената до пејачката. Во еден момент се чинеше дека тоа е дел од кореографијата оти тој заигра околу неа, по што тој ги слече панталоните и го покажаголиот задник на камерата.

Тој беше совладан од обезбедувањето и симнат од сцената.

 

Најчитани вести