Новиот документарец за британската принцеза Дајана открива што се случувало во кралското семејство во текот на неделата во која е подготвуван нејзиниот погреб. Сега е откриено дека принцот Вилијам, одбивал да чекори зад ковчегот на мајка му и дека го убедиле во последен час.

Имено на почетокот од Вилијам и Хари, кои во тоа време имале 15 и 12 години криеле како загинала нивната мајка.
Кралицата ги забранила сите телевизиски и радиски приемници во платата за да синовите на Дајана не бидат траумирани од вестите за последните моменти од животот на нивната мајка.

Документарецот открива и дека батлерот на принцеза Дајан Пол Барел и нејзиниот возач Колин Тебут биле првите кои го виделе нејзиното тело во импровизираната мртвачница во Париз.
-Лежеше мртва на креветот, а од соседните згради обожавателите и фотографите се обидуваа да ја фотографираат собата во која беше Дајана. Веднаш побарав да ми дадат неколку покривачи со кои ги прекрив прозорите и така оневозможив боло кој да ја види. Дебелите покривачи на прозорите само ја зголемија жештината во собата и затоа вклучивме неколку вентилатори и во еден момент нејзината коса се придвижи, а јас помислив дека е жива“, раскажал Тебут.

Во документарецот посебно се нагласува дека братот на Дајана Чарлс Спенсер инсистирал тој да биде единствениот кој ќе чекори зад нејзиниот сандак, додека останатите сметале дека покрај него мора да бидат и нејзините синови. На крајот таа доста непријатна ситуација ја прекинал принцот Филип кој на сите јасно им порачал:„Момчињата ја изгубија мајка им и почитувајте го тоа“:
Потоа момчињата се согласиле да одат зад ковчегот на нивната мајка, заедно со татко им, дедо им и вујко им.
Бонус видео:


