Холивудскиот заводник Џорџ Клуни и неговата сопруга, познатата адвокатка Амал Клуни денеска станале родители на близнаци.
Веста ја објави новинската агенција Асошиејтед Прес преку Твитер.
Брачната двојка на своите деца ќе им ги даде имињата Александар и Ела.
Џорџ Клуни и Амал се венчаа на раскошна церемонија во Венеција во септември 2014 година. Неодамна во интервју за француската емисија „Rencontres de Cinema“ Џорџ Клуни официјално потврди дека тој и неговата сопруга чекаат не едно, туку две бебиња.


