Досадниот протокол го претворила во вистинска забава,гласно се смеела и лудо се забавувала: Кејт никогаш не изгледала подобро!

Парадата за Денот на Кралицата обично е полна со протокол и е сериозна, но овој пат Кејт се забавувала како никогаш во својот живот.

За време на возењето во кочија со Софи Васекс (52), Кејт се смеела толку гласно што сите ја забележале.

Причината за ова бил потегот кога Софи Васекс излегувајќи од кочијата малку се занела и малку посилно се потпрела на Кејт, што за малку ќе паднела врз неа.

Војвотката тоа го прифатила со громогласна насмевка.

Доброто расположение само дополнително го зацврсти ставот на сите пристуни дека Војвотката од Кембриџ никогаш не изгледала подобро.

Таа носеше бел чипкан фустан до колена од креаторот Александар Меквин, додека на главата како и секогаш така и сега имаше соодветен бел шешир.

Приѕирната чипка ја отсликуваше суптилно фигурата на Кејт, но тоа воопшто не и пречеше.

Во текот на церемонијата, Кејт беше придружувана од страна на принцот Вилијам со кого постојано си разменуваа заљубени погледи, пишува Daily Mail.

Македонија денес

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести