Три лица на возраст од 28, 25 и 23 години загинаа во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Кочани – Штип. Во несреќата учествувале автобус во кој се превезувале 58 патници и автомобил „сеад кордоба“, соопшти МВР.
Утринава околу 2 на магистралниот пат Кочани-Штип, кај место викано „Чифлички бунар“ атар на селоЧифлик, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус со штипски регистарски ознаки управуван од С.М.(55) од населба Оризари, во кој се превезувале околу 58 патници и автомобил „Сеат Кордоба“ со кочански регистарски ознаки управувано од Љ.Л.(28) од Кочани.
Сопатници во возилото биле А.М.(19), Р.Т.(23), Г.К.(23) и Д.П.(25) сите од Кочани.
Од здобиените повреди при незгодата на местото на настанот починале возачот на автомобилот Љ.Л. и сопатникот Р.Т., додека сопатникот Д.П. починал во возило на Итна медицинска помош на пат за Болница.
Останатите патници се пренесени во Јавна здравствена установа Кочани, каде Г.К. е задржан на лекување, а А.М. бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му се констатирани телесни повреди.
Од 02,35 часот, сообраќајот е во прекин и се пренасочува по локалните патишта.
Во сообраќајка, пак, на патот Кочани – Делчево, во судир на четири автомобили синоќа загинаа две лица.


