Леди Ди: Се заљубив во телохранителот и сакав да побегнам со него

Според британските медиуми, братот на Британската принцеза Дијана, Чарлс Спенсер, се обидел да го спречи емитувањето на документарен филм, во кој покојната принцеза евоцира спомени за својот љубовен живот и пропаднатиот брак со принцот Чарлс.

Британската телевизија Канал 4, во разговор со братот на Дијана, Чарлс Спенсер, потврди дека документарниот филм ќе биде прикажан, како што е предвидено во програмата, во недела 6 август.

Документарецот за принцезата Дијана, открива дека пет години по свадбата, со липање отишла кај кралицата да и се пожали дека во нејзиниот брак со Чарлс нема љубов.

“Отидов кај главната дама и реков:” Јас не знам што да правам. И таа рече дека не знае што да прави. Тоа беше тоа. Тоа беше нејзината ‘помош'”, вели Дијана.

Дијана во филмот, вели дека таа помислила да бега од Бакингемската палата, во 80-тите години, со нејзиниот телохранител Бари Манаки, во кого таа се вљубила, а кој во 1987 година загина во сообраќајна несреќа.

Принцезата дури спомнува дека нејзиниот љубовник “можеби е елиминиран”. Филмот, исто така зборува за проблемите во бракот на Дијана со принцот Чарлс и критика на кралското семејство, особено кралицата Елизабета Втора, од која, како што вели таа, немала поддршка.

Филмот Дијана: Нејзините зборови (Diana: In Her Own Words), направен е врз основа на снимки од 1992-1993, направени од страна на Питер Сетелен, професор по дикција на принцезата, која почина на 31 август 1997 година, во сообраќајна несреќа во Париз.

Снимките се пронајдени за време на рација во домот на Пол Барел, поранешниот кралски батлер, а во 2004-та година му биле вратени на Сетелен.

Емитувањето на документарниот филм предизвика реакција и кај пријателката на Дијана, Роза Монктон, која смета дека таа одлука е “неразумна”.

– Замислете како ќе се чувствува нејзиното семејство, особено нејзините синови – рече таа.

Канал 4 инсистира на историската димензија на документарниот филм.

Синовите на Дијана, принцовите Вилијам и Хари, се појавија неодамна во вториот документарен филм во кој се наведува дека тие имале кус разговор со мајка им на денот на нејзината смрт, за кој што многу размислуваат дури и по 20 години.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести