Во еден од највисоките облакодери во Дубаи вторпат во последните неколку години избил пожар, кој набрзо е изгаснат, а нема жртви и повредени.
Во облакодерот со симболично име „Торч“ (факел), синоќа избувнал пожар. Тој, како што соопштил полициски претставник, се случил на деветтиот кат и се ширел накај горните спратови на 80-катната зграда. Во пожарот нема повредени.
Во облакодерот имаше пожар и во февруари 2015. година, кога тој се прошири на речиси 30 спрата на луксузниот објект.
Објектот располага со преку 670 апартмани и е највисока станбена зграда во светот.


