Изгореа четири автомобили во Скопје

За помалку од еден час скопската полиција регистрирала три случаи во кои се опожарени четири возила.

Вкупно четири возила се опожарени во утринските часови на неколку локации во Скопје, соопштија од полицијата.

Околу 4 часот и 30 минути било пријавено дека на паркинг на улицата „Јани Лукровки“ горат Ауди А3 со кривопаланечки регистрации и автомобил Деаву Ланос со скопски регистрации.

Петнаесетина минути подоцна, во полицијата друг скопјанец пријавил дека на улицата „Букурешка“ гори Ауди А6, а околу пет часот истиот човек јавил дека гори и Опел Астра во населбата Карпош.

Полицијата презема мерки за расчистување на сите случаи и утврдување на причините за пожарите.

Најчитани вести