Роман Абрамович и Дариа Жукова одлучија да се разведат по 10 години заеднички живот.
Двајцата, со заедничка изјава, потврдија дека се разведат, нарекувајќи ја одлуката тешка. Имаат намера да останат пријатели, да продолжат заедно да ги воспитуваат двете деца и да останат партнери во сите заеднички проекти. Конкретно, имаат намера да ја продолжат соработката како соосновачи на музејот на современа уметност „Гараж“ во Москва и во проектот „Нова Холандија“ во Санкт Петербург.
Јавноста долго време не знаеше дали Абрамович и Жукова се во официјален брак, сѐ додека во 2015 година „Вол Стрит Џурнал Магазин“ не потврди дека тие се запознале во 2005 година и стапиле во брак неколку години подоцна.
За Абрамович ова е трет брак и развод. Во 2007 година тој се разведе со сопругата Ирина по заемна согласност. Таа доби 300 милиони долари и платени сите трошоци за децата. Бизнисот во целост остана кај Абрамович.


