Причините за разводот на Бред и Анџелина

Анџелина и Бред конечно проговорија и ја разоткрија горчливата вистина за нивниот развод.

Веќе неколку месеци се поставува прашањето што не беше во ред помеѓу омилени пар на Америка и сега конечно разбравме што се случило. Анџелина неодамна беше на добротворен настан и одлучи да прроговори зошто таа и Бред го скршија срцето на Америка и се разделија. Чисто формално (и крајно неинтересно, н.з.), Анџелина признава дека причината поради која тие се развеле е тоа што сакале да се фокусираат на нивните кариери и нивните деца, а нивната љубов еден за друг се изгуби негде попат.

Анџелина тврди дека “со тоа што изискуваат нашите кариери, да се биде во врска со некој кој е подеднакво зафатен како мене, едноставно нема никаква смисла. Постои толку многу време во текот на денот и важно е да се фокусирате на она што е важно. Иако јас сеуште го сакам Бред, јас не сум во љубов со него повеќе.”

“Ние го сакаме нашето семејство и она што го направивме и тоа е она што е магично. Нашето семејство е апсолутно совршено и му благодарам на Бред за секојдневниот напор ова да стане можно”, истакна Анџелина Џоли.

Судејќи според она што го вели Анџелина, звучи како да била нејзина одлуката за развод, што објаснува зошто Бред е тивок откако се објавија информациите за разводот.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести